Гвардиола пред дербито: Арсенал е најдобар тим во Европа!

Манчестер сити е во одлична серија и почна да ја намалува негативата зад лидерот Арсенал во Премиер лигата, а пред нивната меѓусебна пресметка свој коментар имаше тренерот Пеп Гвардиола.

Гвардиола по победата против Челси (3-0) кажа дека е свесен за предизвикот кој ги чека и посочи дека Арсенал сè уште е најдобар тим во Англија, но и во Европа.

„Ние одигравме неколку добри натпревари, но најдобар тим во Англија досега е Арсенал, најдобар тим во Европа исто така е Арсенал, затоа што бројките се на нивна страна“, кажа Гвардиола.

„Граѓаните“ имаат шест бодови помалку од Арсенал, но и еден натпревар помалку, по што следи меѓусебната средба, а доколку Сити ги добие тие дуели, тогаш ќе се израмни со „топчиите“ на врвот во првенството.

Фото: Facebook/Manchester City