Виљареал му пресуди на Атлетик Билбао на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Виљареал беа поуспешни од Атлетик Билбао на „Сан Мамес“ со 2-1 во 31. коло од шпанската Ла Лига.

Кардона погоди во 26. минута за предност од 1-0 на „жолтата подморница“, додека Гонзалес го зголеми водството на гостите во петтата минута од судиското надополнување на првиот дел.

Атлетик Билбао успеа да намали на 1-2 преку Грузуета во 84. минута со што внесе неизвесност во завршницата, но Виљареал успешно го одбрани водството.