Хапоел го надигра Макаби и обезбеди плејоф во Евролигата
Хапоел имаше одличен почеток и првата четвртина ја доби со 26-14, по што се водеше израмнета битка на теренот (52-41).
Макаби Тел Авив почна да ја топи негативата во третата четвртина и стигна до 66-73, по што Хапоел во завршницата не дозволи изненадување и оствари победа од 99-88 со која го обезбеди местото во плејофот.
Брајант беше најефикасен кај Хапоел со 19 поени, пет скокови и шест асистенции, додека Вокер запиша 17 поени, три скокови и четири асистенции за Макаби.
Фото: EPA