Гвардиола: Добри сме поради - сонцето!

Пеп Гвардиола даде необичен одговор на прашањето зошто Манчестер Сити е толку добар на крајот од сезоната.

Шпанскиот стратег се пошегува, а можеби и не, велејќи дека причината е сонцето.

„Сонцето... не, не, не се шегувам. Во Манчестер никогаш нема сонце. Ако имаше сонце во ноември, ние уште во јануари ќе бевме шампиони во Премиер лигата. Сонцето е, искрено. Расположението е подобро“, рече Гвардиола.

Следниот меч за Сити во Премиер лигата можеби ќе биде клучен за титулата, го пречекуваат Арсенал кој неодамна го победија во Лига Купот.

„Ќе играме против Арсенал кој во 49 меча загуби само трипати, а во Лигата на шампионите уште нема пораз“.

„Имам огромна почит за Арсенал. Го победивме еднаш, замислете да го победиме двапати за неколку недели“.