Едерсон се „степа“ со камерата! (ВИДЕО)
Фенербахче со убедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Кочаелиспор, но Едерсон во еден момент беше многу изнервиран.
Голманот лежеше поради повреда кога подвижната камера дојде во негова близина сакајќи да фати посебен кадар.
Но, бразилскиот голман не беше баш расположен, па силно ја удри камерата.