Георг Стојановски блеска во Бугарија, со ефектен гол беше херој на Спартак! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер, Георг Стојановски игра во одлична форма во дресот на Спартак Варна за која на последниот натпревар против Добруџа Добрич беше херој во триумфот од 1-0.

Стојановски го постигна единствениот гол на средбата и тоа беше ефектен погодок со силен удар од работ на петерецот.

Голот од 26. минута за  Стојановски беше четврти оваа сезона, а покрај тоа зад своето име има и уште три асистенции.