Вембањама одигра луд меч и постави рекорд во НБА! (ВИДЕО)
Сан Антонио го доби тексашкото дерби против Далас, а најзаслужен за тоа е Вембањама кој е и кандидат за МВП наградата.
Вемби мечот го заврши со 40 поени, 13 скокови, пет асистенции и две украдени топки. Статистиката станува импресивна ако се знае дека е постигната за само 26 минути и 13 секунди поминати на паркетот. Кошаркарот на Сан Антонио стана играчот кој за најмалку минути поминати на теренот стигнал до статистика од 40 поени, 10 скокови и пет асистенции.
Ноќеска најмногу профитираше Лејкерс кој со 101-73 го совлада Феникс, а Минесота ја прекина победничката низа на Хјустон триумфирајќи со 136-132.
Ова значи дека Лејекерс се пред Хјустон на табелата и ќе имаа предност на домашен терен во плеј-оф мечот.
Резултати:
Атланта - Кливленд 124-102
Шарлот - Детроит 100-118
Вашингтон - Мајами 117-140
Бостон - Њу Орлеанс 144-118
Индијана - Филаделфија 94-105
Њујорк - Торонто 112-95
Чикаго - Орландо 103-127
Милвоки - Бруклин 125-108
Сан Антонио - Далас 139-120
Денвер - Оклахома 127-107
Хјустон - Минесота 132-136
Јута - Мемфис 147-101
Портланд - ЛА Клиперс 116-97
Сакраменто - Голден стејт 124-118
ЛА Лејкерс - Феникс 101-73