Сутјеска на колена: ТФТ оствари голем триумф во Никшиќ
Македонската екипа го диктираше темпото во првото полувреме, односно ја доби првата четвртина со 31-22, а до крајот на паузата стигна до 59-41.
Сутјеска почна да се буди во второто полувреме, меѓутоа немаше сила да направи сензационален пресврт против ТФТ.
Најефикасен во редовите на ТФТ беше Виктор Ташовски со 26 поени, додека Филип Баровиќ постигна 17 поени за Сутјеска.
Вториот натпревар меѓу ТФТ и Сутјеска се игра на 15 април, додека потенцијална „мајсторка“ би се играла на 22 април.