Легенда на Милан ќе го спасува италијанскиот фудбал!?
Габриеле Гравила поднесе оставка од претседателската функција во федерацијата, а сега како негова замена се споменува легендарниот Паоло Малдини.
Малдини треба да биде човекот кој ќе ја предводи федерацијата во иднина, а поддршка за идејата даде и министерот за спорт, Андреа Абоди.
Фудбалскиот сојуз активно бара нов претседател, кој ќе биде способен да постави нов систем и да донесе подобри времиња за италијанскиот фудбал.
Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio