Проблеми за Наполи: Хојлунд ќе го пропушти мечот против Милан
Хојлунд се соочува со повреда уште од репрезентативната пауза, а засега не се откриваат повеќе детали.
Ромелу Лукаку исто така е надвор од конкуренција затоа што остана во Белгија, па така Наполи мора да ја користи единствената опција во нападот, а тоа е Џоване.
Дербито меѓу Наполи и Милан се игра денеска на стадионот „Диего Армандо Марадона“ од 20.45 часот.
Фото: Facebook/Napoli