Косовецот Муричи му пресуди на Реал Мадрид во 91. минута (ВИДЕО)

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Мајорка со 1-2 во 30. коло од шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ доминираа во првото полувреме, но не ги искористија шансите, па казната стигна во 41. минута кога Мајорка тргна во контра-напад, а потоа една топка стигна до Морланес кој се најде во одлична позиција и погоди за 1-0.

Едер Милитао ја врати надежта на гостите во 88. минута кога погоди за 1-1 и Реал Мадрид тргна по втор погодок, но набрзо стигна шок за „кралевите“.

Косовскиот репрезентативец Ведат Муричи во првата минута од судиското надополнување ги постави конечните 2-1.

Фото: Mallorca/Facebook