Лудница во Леверкузен: Баер го победи Волфсбург во меч со девет голови (ВИДЕО)

Баер Леверкузен и Волфсбург понудија вистинско голгетерско шоу во 28. коло од Бундес лигата, а домаќинот славеше со 6-3.

Волфсбург погоди преку Винд во 16. минута, по штои Грималдо од пенал израмни на 1-1 по половина час игра.

Гостите набрзо стрелаа преку Маеле и Ериксен за предност од 3-1, но Леверкузен не се предаваше, па Грималдо намали на 2-3.

„Фармацевтите“ се разбудија во вториот дел и почнаа да ја полнат мрежата на Волфсбург. Најпрво погоди Шик од пенал за 3-3, а потоа Тапсоба стрелаше за целосен пресврт.

Во продолжение погодија и Маза и Тилман во судиското надополнување за да ја обезбедат победата за поранешниот шампион (6-3).

Останати резултати:

Борусија Менхенгладбах – Хајденхајм 2-2
Фрајбруг – Баерн Минхен 2-3
Хофенхајм – Мајнц 1-2
ХСВ – Аугсбург 1-1
Вердер Бремен – Лајпциг 1-2