Роналдо со два гола се врати од долгата пауза (ВИДЕО)

Ал Наср ја продолжи победничката серија во првенството на Саудиска Арабија откако денеска ја совлада Ал Наџма со 5-2, а еден од хероите беше Кристијано Роналдо.

Португалецот се врати во тимот по пауза од пет недели и изгледаше како никогаш да не паузирал. Постигна два од петте гола за својот тим и тоа откако резултатот беше 2-2 и Ал Наџма се закани дека може да направи изненадување. Два пати противничката мрежа ја затресе и Мане, а еднаш Ал Хамдан. Интересно е тоа што Ал Хилал постигна два гола длабоко во судиското продолжение од првото полувреме, во 53. и 54. минута.

Ал Наср сега има шест бода предност пред Ал Хилал со натпревар повеќе, а Роналдо стигна до 967 гола во својата кариера.