Ливерпул летово може да добие засилување од 80 милиони евра

Екипата на Ливерпул и покрај вложувањата минатото лето во актуелната сезона игра далеку под очекувањата и според најавите во клубот веќе го планираат преодниот рок кој следи.

Така една од желбите на „црвените“ според информациите е фудбалерот на Њукасл, Ентони Гордон. Во Ливерпул го гледаат овој трансфер како замена за Коди Гакпо, кој се наоѓа на листата од седум играчи кои би можеле да заминат.

Сепак, свесни се дека Њукасл нема лесно да го пушти својот адут, па за реализација на трансферот ќе мора да подготват понуда вредна над 80 милиони фунти.

Покрај англискиот репрезентативец, скаут тимот на Ливерпул внимателно го следи и талентираниот играч од Брајтон, Карлос Балеба кој претходно беше блиску до преселба во Манчестер јунајтед.