Македонија ќе спарингува со БиХ и со Турција и ќе ги испрати на СП!
Имено, закажани се пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција, две селекции кои преку баражот стигнаа до билет за Светското првенство наредното лето.
Деталите околу двата натпревари се договорени и ќе се играат во Сараево и Анталија во текот на јуни, додека точните датуми дополнително треба да бидат одредени.
Ќе потсетиме, Босна во баражот на пенали ја елиминираше Италија на свој терен во Зеница, додека Турција во Приштина славеше над Косово.