Баерн може да се соочи со сериозен проблем за дербито со Реал
Имено, тренерот Компани потврди дека Кејн нема да биде подготвен за утрешниот натпревар против Фрајбург, меѓутоа поголем проблем за баварците ќе биде ако тој не игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„Кејн тренираше добро до недела, а потоа почувствува проблем со зглобот за време на репрезентативните обврски. Тоа влијае на утрешниот натпревар и нема да биде достапен. Сепак, оптимист сум за вторник. Не е идеално, би сакал да играше против Фрајбург, но во моментов тоа не е можно“, изјави белгискиот стратег.
Сезонава Кејн игра во одлична форма и постигна 48 гола на 40 натпревари во сите конкуренции, а во најелитното европско натпреварување со десет гола е втор стрелец зад Мбапе кој има три повеќе.