УЕФА демантира: Звезда не била казнета поради православната кореографија!

Во изминатите денови во медиумите во регионот една од главните теми беше казната која Црвена звезда ја заработи од УЕФА поради наводно православната кореографија на која беше прикажан светецот Симеон, а сега се огласи и Европската куќа на фудбалот.

Навивачите на српскиот гигант беа бесни и ја окарактеризираа УЕФА како лицемерна и антихристијанска, меѓутоа од таму сега демантираа и порачаа дека ниту една од казните не се однесува на споменатата кореографија.

Казните за Звезда се за блокирање на скалите на трибините (28.000 евра), користење пиротехнички средства (17.000 евра) и фрлање предмети на теренот (10.000 евра), како и поради пораки кои го нарушуваат угледот на самата организација (400.000 евра).

Таа парола нема врска со кореографијата на „Делии“ туку со трансапарентот „F*uck UEFA“ кој беше истакнат на „Рајко Митиќ“.

Ќе потсетиме, Звезда тој натпревар го загуби со 2-0 и на тој начин ја заврши својата европска епизода.