Нема втор фајнал-фор во низа младите пелистерци, Фуксе Берлин беше пресилен
Германската екипа едноставно беше пресилна за ракометарите на Пелистер и уште од самиот старт стави до знаење во каква насока ќе оди натпреварот.Веќе на паузата имаа огромно водство од 29-10.
Во вториот дел ништо не се промени на теренот, разликата само продолжи да расте за на крајот да изнесува и 30 голови разлика.
Најефикасни кај Пелистер беа Андреј Георгиев и Јован Симовски со по пет, додека на спротивната страна Лео Новак 12 пати ја погоди мрежата на македонскиот тим.