Надежите до 17 години со три порази ги завршија квалификациите во Словенија

Надежите до 17 години во елитната фаза од квалифкациите за Европското првенство во третото коло го запишаа и третиот пораз, домаќинот Словенија во денешниот дуел славеше сигурна победа од 4-0.

Словенија беше подобра репрезентација на теренот, а победата ја најави уште во 11-тата минута кога Јереб го отвори резултатот. Пред крајот на првото полувреме, Балажиќ се погрижи и за втор гол во нашата мрежа.

Водството словенечките фудбалери сигурно го чуваа и во вториот дел за во 82-та минута, Јереб да постигне и втор погодок за 3-0, додека во самата завршница Робин стрелаше за конечни 4-0.

Претходно нашата селекција беше поразена од Германија и Франција во двата дуели со по 2-1, па така со три порази ги завршуваме квалификациите на последното место без освоени бодови.