Големиот Игор Џамбазов на чело на македонски третолигаш! (ФОТО)
„Спортска мрежа“ пишува дека Џамбазов ќе биде на чело на македонскиот третолигаш, додека дел од раководството на Дојранско Езеро ќе бидат и Мишел Истатов, Кирил Изов, Дине Бојаџиев и Иле Поп Костов.
Македонскиот актер во минатото, исто така, бил дел од Дојранско Езеро, односно работел како физиотерапевт.
Дојранско Езеро во моментов се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига - Исток.
Фотографиите може да се погледнат ТУКА.
Извор: Спортска Мрежа