Италијанците се жалат - соблекувалните во Зеница им биле тесни! (ВИДЕО)

Од вечерашните бараж дуели најголемо внимание привлекува средбата во Зеница каде што Босна ја пречекува Италија, а пред овој натпревар Италијанците се пожалија и на соблекувалните на стадионот.

Еден од најпознатите итлаијански медиуми „Ла Стампа“ на социјалните мрежи објави видео од соблекувалните опишувајќи дека тие биле многу тесни и под стандардите на кои се навикнати нивните фудбалери. Исто така ги потенцираа и туш кабините како не доволни добри.

„Ова стадионот во Зеница каде што Италија ќе го игра баражот за Светското првенство. Просторот е многу тесен и далеку од стандардите кои се потребни“, стои во нивната објава.

Натпреварот како и останатите се игра во терминот од 20:45 часот.