Ирците имаат кошмари од Македонија - никогаш нема да ја заборават 1997 година! (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација повторно се наоѓа во фокусот на медиумите од Ирска пред вечерашниот меѓусебниот дуел, а реномираниот „Ајриш Тајмс“ потсетува на болниот пораз на Ирците од 1997 година во Скопје во квалификациите за Мундијалот.

Натпреварот во Даблин ќе биде без посебно резултатско значење за двете селекции бидејќи останаа без шанси за настап на Светското првенство (СП), а „Ајриш Тајмс“ потсетува на далечната 1997 година, кога Ирска ја потцени Македонија, па доживеа шок во Скопје.

По ждрепката за квалификациите за СП 1998, селекторот Џек Чарлот во живо на „РТЕ телевизија“ праша „каде е Македонија“, а најдобар одговор за тоа доби на 2 април 1997 година, кога Македонија славеше со 3-2 во Скопје.

Натпреварот ќе се памети и по црвениот картон на Џејсон МекАтир, кој со кунг-фу удар го повреди Артим Шаќири и доби црвен картон, а овој пораз ѝ ја закомпликува борбата на Ирска за пласман на големото натпреварување.

Интересно е тоа што, по катастрофалниот настап на Ирска, најлошиот фудбалер на тренинг морал да носи жолта маичка на која било испишано „I Had a Macedonia“, односно таа „чест“ му припадна на Марк Кенеди. Токму тогаш и се „роди“ таа фраза која сега Ирците ја користат за да се потсетат на болниот пораз од Скопје.