Екипи од Белгија, Турција и Романија ќе се „тепаат“ за голманот на Шкендија

Голманот на Шкендија Бабукар Гаје има неверојатна сезона во дресот на македонскиот шампион, а тоа привлече интерес од екипи од Белгија, Турција и Романија.

Гаје оваа сезона настапи на 19 натпревари во Првата лига, при што прими само 11 голови, а имаше и девет „чисти мрежи“, но беше извонреден и во европските натпреварувања во кои настапи Шкендија.

Репрезентативецот на Гамбија привлекол интерес од неколку тимови од Романија, Белгија и Турција, а се очекува во трката да се вклучат и екипи од МЛС-лигата, пишува италијанскиот новинар Руди Галети.

Според „Трансфермаркет“, вредноста на Гаје се проценува на 400.000 евра, па дефинитивно Шкендија ќе ја наполни касата со евентуална продажба на чуварот на мрежата.

Фото: KF Shkëndija