Крај на сезоната за Трапановски: Македонецот го чека операција и долга пауза!

Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски се соочува со операција откако се здоби со тешка повреда на лигаментите на коленото во Купот на Шкотска, објави „Дејли Рекорд“.

Крилото на Данди јунајтед ќе биде надвор од терените дури шест месеци, откако медицинскиот тим констатира дека Трапановски ќе мора да оди на операција.

Трапановски имаше договор со Данди јунајтед до крајот на сезоната, а екипата има опција да му ја продолжи соработката на дополнителни 12 месеци.

Македонскиот интернационалец оваа сезона настапи на 22 натпревари за Данди, а притоа постигна еден гол и две асистенции.