Драма во Осијек: Турски селектор се струполи среде натпревар! (ВИДЕО)

Во натпреварот помеѓу Хрватска и Турција во Осијек дојде до драматична сцена во која турскиот селектор на Егемен Коркмаз се сруши на клупата, па натпреварот беше прекинат.

Според информациите на хрватските медиуми Коркмаз се лизнал и паднал додека го фрлал сакото, изнервиран од исклучувањето на својот играч. Изгледаше сериозно, но бил свесен додека итната помош го качувала во возилото. 

Коркмаз е поранешен турски фудбалер кој во кариерата играше како стопер, а најпознат е по настапите за Трабзонспор, Бешикташ и Фенербахче. За репрезентацијата на Турција има повеќе од 40 настапи.

По завршувањето на кариерата се насочи кон тренерската работа, каде што работеше во младинските категории и како помошен тренер во Трабзон, а потоа ја презеде и функцијата селектор на У-21 репрезентацијата на Турција.