Само бод и со Молдавија за фудбалерите до 19 години

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години без победа го заврши настапот на квалификацискиот турнир за Европското првенство во Холандија откако денеска ремизиравме со Молдавија (1-1).

Молдавија на денешниот натпревар прва дојде до водство со голот на Росча по 20-тина минути игра и тој беше единствениот погодок во првиот дел.

Бодот за Македонија го обезбеди Танчев кој стрелаше по асистенцијата на Мрмачовски во 55-тата минута.

На претходните два натпревари избраниците на Капинковски беа поразени убедливо од домаќинот Холандија со 4-0 и ремизираа без голови со Фарски Острови. Во групата завршуваме како третопласирани со два бода пред Фарски Острови.