Столе ги воодушеви Шпанците: Тој е најсилната алка во одбраната на Валенсија!

Столе Димитриевски стана прв избор на голот на Валенсија, а од тој момент и тоа како ја искористи шансата, тимот со него изгледа многу посигурно и прима многу помалку голови.

Во 11-те натпревари како стартер Димитриевски во просек прима 1.09 голови по натпревар со што значително ги подобри бројките на „лилјаците“. За споредба во 18-те кола пред да биде стартер Валенсија вкупно прими 30 голови и 1.66 по натпревар. Димитриевски на 12 голови прими само 11 гола и така придонесе за значително подобри резултати.

Валенсија е одлична во вториот дел од сезоната и од 18-ти јануари кога тргна со победа против Гетафе, Валенсија е помеѓу петте екипи со најмалку примени голови, само 11 на десет натпревари. На врвот е Гетафе со шест гола, а потоа следат, Барселона со осум, Реал Мадрид со 9, Жирона со 10, додека Атлетико е израмент со Валенсија.

„Валенсија стана цврста во одбраната и дојде до врвот по дефанзивните бројки, а големи заслуги за тоа има Столе Димитриевски, тој е најсилната алка во одбраната и со оглед на неговата форма ветува уште подобри резултати во последните девет кола“, пишуваат шпанските медиуми.