Македонија во Даблин тргнува со четири измени и нова формација! (ФОТО)

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва го игра натпреварот против Ирска во терминот од 20:45 часот, а сега е познат и составот.

Селекторот Гоце Седлоски во однос на натпреварот против Данска во Копенхаген направи четири измени и вечерва стартуваат Фетаи, Алими Велковски и Костадинов на местата на: Ќамили, Атанасов, Стојчевски и Муслиу.

Исто така за разлика од тој натпревар имаме и нова формација, па место 3-5-2, сега играме во 3-4-2-1.