Сити не сака да чека, Пеп мора брзо да каже што ќе прави

Раководството на Манчестер сити според последните информации од Островот побарало од менаџерот Пеп Гвардиола да се изјасни дали планира да остане на чело на „граѓаните“ до крајот на договорот.

Според информациите челниците на клубот, предводени од спортскиот директор Уго Вијана, сè уште немаат јасна слика за намерите на трофејниот стратег.

Се очекувало Пеп да ги разјасни своите планови за време на репрезентативната пауза, но тоа не се случило. Првите луѓе на клубот од „Етихад“ сакаат што поскоро да добијат конкретен одговор, со цел навремено да ја испланираат идната селекција на тимот.

Во моментов, во Манчестер сити се отворени за двете опции и се надеваат дека Гвардиола ќе остане до истекот на договорот во 2027 година, но не е сигурно дека и самиот тренер размислува во таа насока.