Почнува ново коло во ПМФЛ: Башкими го пречекува залетаниот Тиквеш!

Со денешниот натпревар помеѓу Башкими и Тиквеш од 12:30 часот во Куманово ќе биде отворено 25. коло во Првата фудбалска лига.

Башкими овој натпревар го дочекува во чувствителен период бидејќи според последните информации клубот се соочувал со многу проблеми во работењето (ТУКА), а како ќе изгледа нивниот состав ќе видиме денеска против гостите од Кавадарци.

Тиквеш од друга страна како да фати ритам и во вториот дел од првенството се една од подобрите екипи во првенството, постигнуваат и голови и во натпреварот влегуваат како екипа со најдобра форма, единствена која е во серија од четири триумфи.

На табелата сепак, ги дели само една позиција и еден бод, Тиквеш е петти, Башкими шести, меѓутоа според формата предност се дава на гостите.

ПМФЛ 25. КОЛО:

Сабота

15:30 Брера – Арсими

15:30 Силекс – Шкупи

Недела

13:30 Шкендија – Пелистер

15:30 Вардар – Македонија Ѓорче Петров

Понеделник

15:30 Струга - Работнички