Oмерагиќ: Репрезентацијата не е само резултат!

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ се огласи на социјалните мрежи по двата натпревари на Македонија против Данска и Ирска.

Македонија на двете гостувања загуби од Данска во полуфиналниот бараж со 4-0, а потоа во дуелот без резултатско значење ремизираше со Ирска во Даблин 0-0.

Првиот човек на федерацијата во своето обраќање истакна дека кога е репрезентацијата во прашање не е само резултатот.

„Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни. Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше. И кога победуваме и кога губиме.Поддршката не е аплауз само за победа, туку карактер во пораз. Ние, како федерација создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив. Останува најважното, да бидеме заедно. Затоа што ова не е само тим. Ова сме ние“; стои во обајвата на Омерагиќ на социјалните мрежи.