Каков гаф: Ирците не знаат кој ни е селектор! (ФОТО)

Во Ирска очигледно не знаат многу за Македонија и нашиот нов селектор, барем ако се суди по најавниот флаер за овој натпревар, на сите грешки кои ги направија тие го утнаа и селекторот Гоце Седлоски.

Имено, на сликата на флаерот место Седлоски стои неговиот помошник од времето во Шкупи, Александар Влахо. На сето тоа тука се погрешени и фудбалерите кои тие треба да внимаваат затоа што ниту еден од Бојан Илиевски, Алиоски и Миовски вечерва не е во составот.