Тежок кикс на босанскиот голман, Кин го направи првиот чекор кон Мундијалот (ВИДЕО)
Никола Васиљ во обид да избие една топка му ја додаде на Барела кој потоа го проигра Мојс Кин кој со фантастичен удар ја затресе мрежата на БиХ.
Домашната репрезентација, сепак, не се разочара и засега го диктира темпото, а упати веќе девет удари кон противничкиот гол.