Ѓоковиќ пречекан како цар во Зеница (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва е во Зеница каде ѝ дава помош на босанската репрезентација во дуелот против Италија.

Големиот ас имаше активен ден, се сретна со неколку видни лица од босанскиот спортски и политички живот, доби дрес од репрезентацијата, а потоа се упати кон стадионот „Билино Поље“.

И таму беше пречекан како најголема ѕвезда, доби овации од присутните и потврда дека секогаш е добредојден во оваа земја.