Mусовски: Одигравме одличен натпревар, Ирска е силна репрезентација
Мусовски на почетокот на второто полувреме го замени Растодер, меѓутоа натпреварот беше без многу прилики, па така и тој не влезе во шанса да ја затресе противничката мрежа.
„Одигравме одлично во натпревар во кој водевме голема борба на теренот. Ирска има квалитетни играчи, но мислам дека прикажавме добра борба и на крајот го заслуживме овој позитивен резултат. Ирците во одбранаата имаат многу физички добри играчи, но и нашите дефанзивци се покажаа добро против корпулентни ривали. Генерално, сметам дека одигравме добро“, изјави Мусовски.