Станковски: Сакавме триумф по болниот пораз во Данска, но за жал таков е фудбалот
Станковски посочи дека барале триумф по болниот пораз во Данска, но немале доволно шанси за погодок.
„Ова беше тежок натпревар, се надевавме на позитивен резултат по мечот по Данска. Таков е фудбалот, некогаш ќе победите, некогаш ќе изгубите, наше е да дадеме сè за националниот дрес. Имавме неколку полу-шанси, сакав да победиме, но за жал таков е фудбалот. Се надеваме на позитивни резултати во следните натпревари“, кажа Станковски.