Седлоски: Јас сум само седум дена со овој тим, головите ќе дојдат - убеден сум!
Од двата натпревара под негово водство, Македонија има гол разлика 0-4 што секако не е за пофалба бидејќи одамна не ни се случило да не затресеме противничка мрежа за 180 минути игра. Седлоски, сепак, е оптимист во тој поглед и верува дека ќе биде многу подобро.
„Нема лесни противници, дали било Ирска или Данска. Ние ги анализиравме знаеме како играаат. Данска е сосема друга репрезентација. Дали би било подобро со Ирска во полуфинале не можеме да кажеме, можеби би играле со поголем пресинг. Ние одигравме со Ирска и Данска, за жал го загубивме тој дуел во Копенхаген. Денеска им дадов шанса на сите и јас сум задоволен од она што го видов, има многу работа и мораме да ја освежуваме репрезентацијата. Јас сум само дена со оваа репрезентација, верувам дека головите ќе дојдат“, рече Седлоски.
Нова шанса да прослави гол како селектор, тој ќе има во јуни кога е следниот термин за пријателски натпревари.