Македонија доби нова опција во дефанзивата, Фетаи имаше импресивно деби! (ФОТО)
Фетаи делуваше сигурно, имаше повеќе идеални стартови во дефанзивата со кои ги откажуваше ирските фудбалери. Тој според повеќе извори беше најдобриот играч на натпреварот.
„Многу сум задоволен, за прв натпревар сметам дека одиграв добро, се надевам дека ќе продолжам вака. Ирска е цврст тим и ние мораме да играме на ист начин, немавме шанси и тие немаа шанси, тврд беше натпреварот и на крајот мислам дека сите треба да сме задоволни“, изјави Фетаи.
По мечот доби пофалби и од селекторот Гоце Седлоски.
„Задоволен сум од играта на Фетаи, ова за него беше прв натпревар, одлично се снајде. Знаете он игра во македонската лига и го пратев на неколку натпревари, добро играше и за Шкендија. Го ставив денеска во игра од првата минута и го оправда тоа“, рече селекторот Седлоски за Фетаи.
