Здодевно е во Даблин, нема голови на мечот меѓу Ирска и Македонија!
Ирците имаа посед на топката, но Македонија организирано се брани и не дозволува противникот да се размавне.
Првата можност ја имаше Македонија во 21. минута кога Барди шутираше од слободен удар, но голманот Келехер одбрани.
Три минути подоцна Ирците го имаа првиот удар, Перот шутираше со глава, Димитриевски мирно ја фати топката.
Најголемата шанса ја имаше Перот кој во 39. минута се најде во одлична прилика, но го промаши нашиот гол.
Во самиот финиш од првото полувреме имаше и еден можеби спорен момент, Перот даде гол, но судиите свирнаа офсајд.