Големиот Игор Џамбазов на чело на македонски третолигаш! (ФОТО)

Легендарниот македонски актер и шоумен Игор Џамбазов во иднина ќе го гледаме во нова улога, откако беше избран за претседател на третолигашот Дојранско Езеро, објави „Спортска Мрежа“.

„Спортска мрежа“ пишува дека Џамбазов ќе биде на чело на македонскиот третолигаш, додека дел од раководството на Дојранско Езеро ќе бидат и Мишел Истатов, Кирил Изов, Дине Бојаџиев и Иле Поп Костов.

Македонскиот актер во минатото, исто така, бил дел од Дојранско Езеро, односно работел како физиотерапевт.

Дојранско Езеро во моментов се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига - Исток. 

Фотографиите може да се погледнат ТУКА.

Извор: Спортска Мрежа