Ферстапен брутално искрен: Веќе не уживам, не знам дали се исплати да продолжам

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, сериозно размислува за повлекување на крајот од сезоната 2026 година.

Иако неговиот договор со Ред Бул важи до 2028 година, Холанѓанецот тврди дека проблемот не е во лошите резултати, туку во целосниот недостаток на уживање во возењето на новата генерација болиди.

„Де Телеграф“ кој е познат по следење на кариерата на четирикратниот шампион и претходно пишуваше дека Макс сериозно размислува да ја заврши кариерата по оваа сезона. Неговата соработка со Ред Бул е прилагодена така што му дозволува да замине и пред истекот на договорот, како мерка на претпазливост доколку тимот не биде конкурентен по промените на правилата, но и како можност за рана пензија.

На оваа тема зборуваше и самиот Ферстапен по денешното разочарување во трката за Големата награда на Јапонија.

„Размислувам за сè. Среќен сум, но календарот има 22 трки и се поставува прашањето: дали се исплати? Или повеќе уживам дома со семејството и пријателите кога веќе не уживам во спортот? Можам да прифатам да бидам седми или осми, знам дека не можеш постојано да доминираш или да се бориш за подиум. Веќе сум бил во таква ситуација, не сум победувал секогаш. Но, кога си седми или осми и не уживаш во болидот што го возиш, кога како возач тоа не ти е природно, се обидуваш да се прилагодиш, но едноставно не е убаво така да се тркаш. Тоа е спротивно на самото возење. И доаѓа момент кога сфаќаш дека повеќе не сакаш тоа да го правиш. Јас сум тука за забава, а сега тоа не е случај. Постојат работи во кои уживам, сакам да работам со тимот, тие се моето второ семејство, но штом седнам во болидот, забава престанува. Се обидувам да уживам, но многу е тешко“, искрено зборуваше Ферстапен.

Tрката во Јапнија, Холанѓанецот ја заврши на осмата позиција откако стартуваше како 11-ти.

Фото: EPA