Проблеми за Барселона: Познато колку ќе паузира Рафиња
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Рафиња ќе паузира околу еден месец, а тоа значи дека ќе пропушти важни натпревари на Барселона.
Според прогнозата, Рафиња ќе ги пропушти трите натпревари против Атлетико Мадрид, но ќе отсуствува и од средбите против Селта Виго и Хетафе.
Неговото враќање се очекува на 3 мај, и тоа на гостувањето на Барселона кај Осасуна.
Фото: Facebook/BarcelonaFC