Македонските надежи вечерва имаат тешка задача - ѝ гостуваат на Италија!
Тоа е натпревар од седмото коло во квалификациите за пласман на Европското младинско првенство. Ние одамна ги загубивме шансите, а Италија води битка за првото место и директен пласман на континенталниот собир.
Првиот меч со Италија го загубивме со 0-1, тој дуел се играше во Битола, а денешниот ќе се одигра во Емполи.
Италијанците се апсолутен фаворит во овој натпревар, момците на Станиќ ќе се обидат да направат сензација и да им ги расипат сметките.
По шест одиграни кола Македонија собра само три бода, имаме една победа и дури пет порази. Кај Италија ситуацијата е спротивна, тие имаат еден пораз и пет победи.