И Мбапе му дели памет на Анчелоти: Нејмар ќе оди на Светско!

Нејмар нема играно за Бразил од 2023 година, но сега на денови пред светското првенство се случува вистинска кампања за тој да добие повик од селекторот Карло Анчелоти.

Италијанецот не го повика Нејмар за мартовските дуели, а потоа се случија лавина од изјави како ѕвездата мора да биде на списокот.

Последен кој се јави е Килијан Мбапе кој му беше соиграч и на Нејмар во ПСЖ.

„Нејмар е Нејмар. Светското првенство е за светски ѕвезди и тој ќе биде таму. Не можам да го замислам Мундијалот без Неј, но не одам против Анчелоти. Сигурен сум дека Неј ќе биде подготвен“, рече Мбапе.