Зидан по пет години му се враќа на фудбалот – на работното место од соништата!
Легендарниот Французин, кој веќе пет години е надвор од тренерската сцена, наводно ќе го преземе националниот тим по завршувањето на претстојниот Мундијал, кога актуелниот селектор Дидие Дешам ќе ја напушти функцијата. Зидан зад себе има блескава играчка кариера, а значајни успеси оствари и како тренер. Неговите први тренерски чекори беа во Реал Мадрид, каде најпрво работеше како асистент на Карло Анчелоти, а подоцна го презеде и првиот тим. Во Мадрид остави силен печат, освојувајќи бројни трофеи и постигнувајќи историски резултати со „кралскиот клуб“.
Тој по заминувањето од Мадрид одби неколку понуди од врвни европски клубови, што дополнително ги засили шпекулациите дека чека можност да ја преземе француската репрезентација. Тоа за него е и работа од соништата, поради која изминатиов период одби многу големи клубови кои сакаа да го видат во своите редови.