Обложувалница им исплаќа пари на оние кои типуваа дека Мароко ќе биде шампион!

Британската обложувалница „Скај Бет“ натпревари голем потег, соопшти дека исплаќа добивки на сите кои се обложиле дека Мароко ќе го освои Африканскиот куп на нации.

На теренот победи Сенегал, но два месеци подоцна беше прогласен службен триумф на Мароко, па сега официјално Мароканците се шампиони.

„Скај Бет“ соопшти дека им ја исплаќа добивката на сите кои типувале на Мароко, а ќе им останат парите и на оние кои веќе ги добија прогнозирајќи дека Сенегал ќе стане шампион. 

„Резултатот на АФКОН 2025 официјално беше сменет, сега Мароко е крунисан како победник на турнирот. Сега ги исплаќаме оние кои типуваа за Мароко“, соопштија од обложувалницата.

Ретка ситуација во која обложувалница прави двојна исплата, прво за оние кои типувале за едниот тим, а потоа и за тие кои се обложиле на другиот тим.