Милан бесплатно ќе добие голема ѕвезда!?
Последните информации велат дека Милан по рецептот на трансферот на Лука Модриќ, сака да реализира и ангажман на Роберт Левандовски.
Неговиот договор со Барселона истекува по крајот на оваа сезона, по што тој ќе стане слободен играч.
Позицијата напаѓач е можеби и најтенката во Милан оваа сезона, па офанзивно засилување сигурно ќе има.
„Газета“ пишува дека на Милан му е понуден Левандовски, а клубот се согласува со оваа идеја.
Полскиот напаѓач има 37 години, но Модриќ има 40 па е најдобар на теренот. Останува да се види дали ќе се реализира оваа зделка.