Бизарен автогол на фудбалер на Порто – од 45 метри ја погоди сопствената мрежа (ВИДЕО)
Португалците поведоа во 11. минута преку Гончало Гомес, но само три минути подоцна следуваше шокантен момент. Дефанзивецот Мартин Фернандес од голема далечина ја врати топката кон својот голман Диого Коста, кој не беше подготвен, па топката заврши во мрежата.
За место во полуфиналето уште се среќаваат Болоња и Астон Вила, односно Фрајбург и Селта Виго, додека Бетис и Брага синоќа одиграа 1-1.