Голем удар за Новак Ѓоковиќ – АТП го избриша неговиот турнир од календарот!
Натпреварувањето, кое помина низ неколку турбулентни фази – од Белград, преку Бања Лука, до Атина – последен пат се одржа лани во ноември во грчката престолнина, но сега официјално е отстрането од календарот. Главниот проблем е лиценцата, која никогаш не била во сопственост на семејството Ѓоковиќ, туку била изнајмена за двегодишен период (2024–2025). Иако постоеше можност турнирот да се врати во ноември, термин кој беше оставен како отворена опција, од АТП денеска ја отфрлија и таа можност.
Семејството Ѓоковиќ, сепак, има опција да преговара со други сопственици на лиценци, како што правеше и претходно, што остава мала шанса турнирот повторно да се организира – на друга локација или во нов термин. Во моментов, иднината на турнирот останува неизвесна.