Уште една клупска легенда потврди дека летово ќе си замине од Ливерпул!

Ливерпул претстојново лето ќе остане без уште една клупска легенда, откако по Мо Салах заминување од „Енфилд“ најави и Енди Робертсон, со што уште една клучна фигура од златната генерација става крај на својата ера во таборот на „црвените“.

Клубот соопшти дека 32-годишниот капитен на Шкотска ќе замине по истекот на договорот летово, оставајќи зад себе статус на „вистинска легенда“ по девет успешни сезони. Тој пристигна од Хул во 2017 година и одигра 373 натпревари за Ливерпул, освојувајќи две титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите, ФА Купот, два Лига купа, Светското клупско првенство, Суперкупот на Европа и Комјунити шилд.

И покрај тоа што се збогува, Робертсон останува целосно фокусиран на завршницата, со цел Ливерпул да ја заврши сезоната на најдобар можен начин. Во јануари постоеше можност тој да замине и порано, откако беше поврзуван со трансфер во Тотнем, но сепак ќе ја доигра сезоната во дресот на „црвените“.

ФОТО: EPA PHOTO